Венко Филипче го повлече Законот за лекови заради технички измени

Владата ги повлече измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства, во прво читање, во делот на паралниот увоз на лекови. Законот е повлечен на барање на министерот за здравство Венко Филипче заради технички проблеми кои треба да претрпат промена, потврди за НОВА министерот.

- „Имаше технички работи, неколку збора кои можат да се толкуваат различно и да доведат до различни толкувања. Со оваа мала промена ќе се прецизираат работите точно и нема да има забуни и различни толкувања, а ќе одат во правец на безбедност на лековите“, изјави министерот Филипче за НОВА.

 

 

 

26.01.2018 - 15:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега