Заев испрати писмо со сочувство до семејството Зулбеари во Тетово

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска испрати писмо со сочувство со семејството Зулбеари во Тетово, кое во трагичен настан во пожар загуби 5 члена од своето семејство.

„Силно потресени од трагедијата што му се случи на Вашето семејство, не можат да се најдат вистинските зборови на утеха за оваа длабока траума. Дозволете ми во мое лично име, во име на Владата на Република Македонија, како и во име на сите граѓани на нашата земја да го изразиме нашето длабоко сочувство во овие тешки моменти за вас.Трагичната загуба не може да се надомести, но во вакви моменти во заедницата во која живеете, и во целото општество во Република Македонија, ќе дојде до израз солидарноста и поддршката што можат да бидат од помош за Вашето семејство“, пишува во писмото со сочувство до семејството Зулбеари.

 

 

 

26.01.2018 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега