„Волстрит журнал“: Што е со името? За Македонија, за членството во ЕУ и НАТО

Малата балканска нација е на пат да стане членка на двата најмоќни западни сојузи, но најпрво мора да го реши спорот со Грција за името, пишува денеска „Волтрит журнал“, во написот посветен на Македонија, нејзиниот пат до ЕУ и НАТО, како и нерешеното прашање со Грција.

Според весникот расправиите за значењето на два и пол милениумската историја се блузи до решение, во одредена мера и поради денешните предизвици кои доаѓаат од Русија, пренесува МИА.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев, додава „Волстрит журнал“, по средбата во Давос најавија мерки за градење доверба.

Двете страни изразија оптимизам за постигнување компромис за името пред следниот Самит на НАТО, кој е закажан за 11 јули, потсетува „Волстрит журнал“.

Како можни солуции за името ги наведува Нова Македонија, Горна Македонија или Северна Македонија, пренесува МИА.

Весникот потсетува дека Македонија произлегла од поранешна Југославија и по стекнувањето на независноста и прифаќањето на сегашното име почнува спорот со соседна Грција, во која се наоѓа регионот Македонија, кој името го добил по античкото кралство на Александар Велики.

Грција, потсетува весникот, го употреби правото на вето за да го спречи влезот на Македонија во НАТО и во Европската унија, но додава дека по последната средба во Давос Ципрас изразил подготвеност да го одблокира патот на земјата кон ЕУ, додека Заев најави преименување на аеродромот и автопатот.

Повеќе од 70 отсто од Македонците, додава „Волстрит журнал“ го подржуваат членство во ЕУ, според анкетата од септември изработена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Претставниците на НАТО, пак, нагласуваат дека Македонија ќе добие можност да влезе  во најголемата воено-политичка алијанса во светот доколку го реши прашањето за името. ЕУ се надева дека на земјата ќе и каже добредојде во 2025 година, пишува „Волстрит журнал“.

- Македонија, планинска земја, низ која стотици илјади мигранти поминаа преку Грција на нивниот пат кон северна Европа во 2015 година, ЕУ ја смета за важен сојузник во напорите за контрола на протокот на мигранти, додава весникот. 

 
 

 

 

26.01.2018 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега