Полицијата со детали за големиот пожар во Лисиче

Вчера околу 21.50 часот во Скопје на улицата „Михаил Глинка“ во населбата Лисиче избувнал пожар во двоспратна куќа во сопственост на 59-годишниот Б.Џ.

Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на 46-годишниот С.А.  при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето.

Пожарот е целосно изгаснат десетина минути по полноќ од Бригада за противпожарна заштита.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот, информираат од МВР.

 

 

 

27.01.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега