Мицковски со честитка за празникот Свети Сава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава.

- „Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија, Дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам големиот празник Свети Сава. На 27-ми јануари српската заедница во Република Македонија го слави денот посветен на Свети Сава, српски светец и просветител, кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Неговото дело и учење оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, но и не обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина. Ваквите празници се исклучително значајни во нашето заедничко почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните. Од тие причини, но и од почит кон српскиот народ, веќе единаесетта година по ред го прославуваме овој празник откако по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и со поддршка на претставниците на српската заедница, установивме Србите во земјава да добијат свој официјален празник и датум за прослава. Поврзаноста помеѓу нашите народи не собирала на заеднички прослави во минатото и не собира на заеднички прослави и денес. Преку духот на празнувањето отсекогаш се гледала блискоста помеѓу народите. Меѓусебната доверба соработка и разбирање секогаш се темелеле врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани во Република Македонија. Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Уверен сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите народи и со силна волја ќе градиме подобра и просперитетна Република Македонија.

Нека е честит големиот празник!“, се вели во честитката на Мицкоски.

 

 

 

27.01.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега