ВМРО-ДПМНЕ со 30.000 амандмани за Законот за јазици - најголем број досега во Парламентот

Повеќе од 30-тина илјади амандмани поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се архивирани во Собранието за понеделничката седница за законот за употреба на јазиците. Тоа ќе биде рекорден број на амандмани поднесени во парламентот за кој било закон.

ВМРО – ДПМНE се реши на ваков чекор откако Иванов стави вето на законот за употреба на јазиците со што го врати во Собранието, a практично нема член кој не е оспорен или од кој не се бара целосно бришење на одредбата, но има и такви со кои се бара измена на само една буква.

 Досега најголем број на амандмани имаше ДУИ за законот за бранители во 2012 и тоа 15.000 со што го блокираше Собранието.

 

 

 

27.01.2018 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега