Иванов: Јас сум реалист со искуство, процесот не смее да биде на штета на граѓаните

По координативната средба за предлозите на Метју Нимиц, синоќа претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека сите вакви средби се неопходни, но не откри детали за средбата која траеше повеќе од 5 часа во Клубот на пратеници.

Иванов истакна дека е реалист со искуство.

-Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси, а да не биде на штета на граѓаните, изјави доцна синоќа претседателот Иванов.

 

 

 

28.01.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега