Велешанец легнал да спие, го разбудиле со удари од дрва - едвај спасил жива глава

Триесетина минути по полноќ се одвивала вистинска драма во Велес, на улицата „Благој Страчковски“ во домот на 38-годишниот З.А.

Полицијата денеска информира дека додека тој спиел дома, насилно му влегле Е.Џ. С.Џ. А.Џ. и Р.В. Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убие, а веднаш потоа го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело.

Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат. Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат.

Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.01.2018 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега