Ќе доцни расправата за Законот за јазици - треба да се преведат 27.000 амандмани

Нема технички услови да почне расправата по поднесените амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците во Собранието. Како што пренесе Сакамдакажам, расправата ќе доцни бидејќи амандманите треба да се преведат на Албански.

Законот за употреба на јазиците е ставен како прва точка на денешната седница, но бидејќи собраниските служби, неофицијално, се стигнати со преведување до 8.000-от амандман, па за денеска нема шанси да стигнат да ги преведат сите амандмaни за да почне расправата, пренесе порталот.

 

 

 

29.01.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега