Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за цената на водата

 

Советот на Град Скопје на денешната петта седница треба да ги донесе предлог-одлуките за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење, за тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води и за утврдување на тарифата за прочистување на отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“ за периодот од 2018 до 2020 година. 

Жителите на Скопје според предлогот на ЈП „Водовод и канализација“ ќе плаќаат за вода за пиење и отпадни води 28,67 денари за метар кубен, што е за 0,72 денари пониска од сегашната цена, додека за прочистување на отпадните води предложената цена е 2,04 денари.

Советниците ќе разгледуваат повеќе предлог-одлуки за укинување на Програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје и за укинување на Одлуката за изглед на фасади на објекти во централното градско јадро на подрачјето на Градот Скопје.  

На дневен ред на седницата се вкупно 37 точки, меѓу кои воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општините Сарај, Чаир и Центар, субвенционирање на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, за управување и одржување на Градските гробишта Скопје за 2018 година, за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија и фондации, во областа на спортот и младите.

 

 

 

31.01.2018 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега