Судења за „Траекторија“ и „Транспортер“

За денеска во Кривичниот суд закажани се судења за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ и „Транспортер“. 

Во случајот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

На минатото рочиште судијката Добрила Кацарска, која го презеде предметот од Лидија Петровска, рече дека поради жалба нејзината колешка Петровска го дала предметот во Апелација и дека се уште не е вратен. Додаде дека не знае за каква жалба станува збор, за што и од кого е поднесена.

 

 

 

 

31.01.2018 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега