Се преправале дека се странци со расипан автомобил па од гостиварец земале голема сума на пари

 Две непознати лица кои се претставиле како странци, од повозрасен гостиварец со измама, давајќи му лажен дијамант одзеле седумдесет и две илајди денари.

Случјаот со измамата го пријавил ошетениот вчера во гостиварската полициска станица. Од СВР Тетово информираат дека вчера, непознатите го пресретнале во населбата Малеарди и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел.

- Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во авто-сервисот не им ги примале чековите за да го поправат возилото. Возилото им било неопходно за да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница. При тоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил „дијамант“ и  му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат, доколку им даде 72.000 денари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Гостиварецот им  ги дал парите во апоени од по 2.000 денари, но тие не се вратиле. Набрзо на Т.Д. работата му станала сомнителна и се уверил дека дијамантот е лажен по што ја пријавил измамата.

Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни кога контактираат со непознати лица кои им нудат производи или им бараат пари за разно-разни услуги. Лани, во овој од градот регистрирани се неколку слични или идентични случаи на измама. За последниот се преземаат мерки за целосно расчистување и откривање на измамниците

 

 

 

31.01.2018 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега