Пожар на бензинска: Целосно изгоре автомобил во тетовско

Синоќа, во 2 часот по полноќ часот на бензинска пумпа во село Боговиње, тетовско, од засега непознати причини се запалило патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано  од 36-годшниот Ф.Д. од село Мала Речица, тетовско.

Возилото се запалило во моментот кога влегло на бензинската пумпа и кога застанало. Веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица Тетово, но за кратко време возилото целосно изгорело, иако возачот и вработените на пумпата се обиделе да го изгаснат. 

 

 

 

31.01.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега