Страшна сообраќајка кај Струмица - повредени 15 лица

Петнаесетина лица се повредени синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на патот Струмица-Радовиш.

Несреќата се случила околу 19 часот и во неа учествувале седум возила – шест автомобили и еден камион. Имало повеќе повредени,околу 15, но само двајца се пренесени во струмичката болница.

Според доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при болницата, кај нив биле донесени двајца патници. Едниот е задржан на натамошно испитување и следење на неговата здравствена состојба, а вториот по укажаната помош е пуштен дома.

Од струмичката полиција повеќе детаљи за несреќата најавуваат за подоцна.

 

 

 

01.02.2018 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега