УЈП со важно потсетување за граѓаните

 

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните до 15 март да поднесат Годишна даночна пријава доколу во 2017 година оствариле дополнителни приходи во земјата и од странство.

Како што информираат треба да се пријават приходи остварени по основ на награди, бонуси и други надоместоци од работен однос, кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп), авторски права и права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари по поединечна добивка, приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, приходи од интернет на пример е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози - дојави на типови за спортски натпревари, лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација... и други дополнителни видови на приходи, остварени надвор од редовната плата или пензија.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) може да се преземе од веб страницата на УЈП и да се поднесе во даночните шалтери, преку пошта или електронски.

Од Управата потсетуваат дека со цел навремено приспособување на новиот начин на пријавување, пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход псекој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок.

 

 

 

01.02.2018 - 11:54
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега