Манијак бркал девојчиња во Градскиот парк во Скопје

Деветнаесетгодишната скопјанка С.М. вчера во 18 часот и 15 минути пријавила дека истиот ден околу 16 часот, додека шетала заедно со нејзината другарка низ Градски парк, во близина на дискотеките, во еден момент забележала машко лице, на возраст околу 40 години, кое најпрво им се доближило и ги прашало дали сакаат да се запознаат.

Откако го одбиле лицето се доближило зад клупата каде што седеле, по што пријавителката и нејзината пријателка го забележале како се самозадоволува.

С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

01.02.2018 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега