МВР потврди: Јакимовска го управувала возилото во сообраќајката во која беше повреден мотоциклист

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со информации за сообраќајката во која денеска беше удрен мотоциклист.

Според официјалните информации од полицијата, денеска во 13 часот и 02 минути на булеварот М.Т. Гологанов во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблици, управувано од 53- годишната Е. Ј  и мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од 37- годишниот Ѓ. А. Ѓ.А. со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар.

Полициски службеници во моментов вршат увид на местото на настанот.

 

 

 

01.02.2018 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега