Позната состојбата на мотоциклистот во кој удри Јакимовска

Според официјалните информации од полицијата, денеска во 13 часот и 02 минути на булеварот М.Т. Гологанов во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблици, управувано од 53- годишната Е. Ј  и мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од 37- годишниот Ѓ. А. Ѓ.А. со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар.

Повредениот мотоциклис по сообраќајката на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, во која учествувало возило БМВ, управувано од блиска роднина на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, со Итна помош бил префрлен на скопските клиники. 37-годишниот Ѓ.А. се здобил со повреда на главата и лактот, објави Фокус.мк.

 

 

 

01.02.2018 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега