Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците се уште не се преведени

 

Сѐ уште не се преведени во целост амандманите кои партијата ВМРО-ДПМНЕ го поднесе за Законот за јазиците. Откако овој процес ќе биде завршен, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе го соопшти датумот кога истите ќе почнат да се разгледуваат, информираат од законодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја одложи расправата за Законот за употреба на јазиците која требаше да се одржи на седницата во понеделнико, бидејќи како што рече, не се исполнети технички услови за нејзино отворање поради големиот број на амандмани поднесени од опозицијата.

– Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за превод не е исполнета, рече Џафери.

Инаку, за овој Закон беа поднесени рекордни  35.569 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ колку што немало за ниеден Закон до сега.

 

 

 

01.02.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега