Нимиц: Секогаш добивам добри совети од Ахмети

Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името Метју Нимиц попладнево се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а по завршувањето на средбата изјави дека имале конструктивни разговори, потенцирајќи оти секогаш добива добри совети од Ахмети.

- Разменуваме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение - изјави Нимиц по средбата.

Лидерот на ДУИ истакна дека медијаторот ја има неговата поддршка вомисијата за решавање на спорот со името.

- Ние му даваме целосна поддршка на Нимиц во оваа многу знајачна мисија што ја има и се надеваме дека што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста, изјави Ахмети,

Покрај со Ахмети, медијаторот Нимиц денеска оствари средби и со државниот врв и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

 

 

 

01.02.2018 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега