Нухиу: Интензивирање на соработката во борбата против лесното оружје

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој денеска учествуваше на регионална конференција во Подгорица, порача дека е неопходно да се интензивира соработката на регионално ниво и пошироко во борбата против малото и лесно оружје и оти е важно да се воспостави соодветен систем за евиденција и контрола на оружјето. 

- За жал, нема криминал без употреба на оружје. Директно или индиректно, оружјето е почеток и крај на речиси секое кривично дело, алфа и омега на секој облик на криминал, истакна Нухиу на конференцијата за контрола на малото и лесно оружје што ја организираше SEESAC.

Презентирајќи ги активностите на македонската полиција на ова поле, Нухиу рече дека Македонија има воспоставено заеднички мешани патроли на граничната линија со Бугарија, Србија, Косово и Албанија и изрази надеж дека во следниов период ќе се воспостават заеднички мешани патроли и со Грција.

 

 

 

01.02.2018 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега