Денеска високи температури па пресврт - очекувајте невреме

Променливо облачно време со повремен дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната од шест до 16 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 степени.

Поинтензивни врнежите ќе бидат во сабота кога ќе има засилен, на моменти силен југозападен ветер со брзина и над 80км/ч. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја.

На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег. Од понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето.

 

 

 

02.02.2018 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега