Муижниекс ќе ги презентира заклучоците од посетата на Македонија

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс денеска ќе ги презентира заклучоците од неговата посета на Македонија.

За време на посетата, Муижниекс имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и со министрите за правда, надворешни работи, труд и социјална политика, образование и со министерот задолжен за спроведување на Стратегијата за Ромите. Муижниекс оствари средби и со членови на македонското Собрание.

Во фокусот на неговата посета беа прашања поврзани со промоцијата на кохезивно и инклузивно општество, аспекти на транзициска правда и ќовековите права на Ромите. 

 

 

 

02.02.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега