Во Ѓорче филмски грабеж: Едниот ограбувал, другиот чекал на врата и напаѓал

Во 20 часот и 15 минути во Единицата за информаци и команда Скопје, вработен во маркет на улицата „Ѓорче Петров“ пријавил дека околу 19 часот и 55 минути бил физички нападнат од непознато лице кое стоело пред маркетот и чекало друго лице кое вршело кражба во маркетот. 

Имено, додека едно од лицата извршувало кражба од маркетот, другото лице чекало пред влезната врата. Откако бил забележан од еден од вработените, тргнал кон него и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници.

После тоа, непознатите лица побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.                          

 

 

 

02.02.2018 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега