Полицијата упадна во локал во Зајас - има приведени

Во 01 часот и 30 минути полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Полициското оддление Зајас.

Во угостителски објект во селото без соодветна дозвола за работа, биле затекнати 23-годишната Е.И.  и 25-годишната Е.И. од Лежа-Република Албанија и 33-годишната А.К.  од Ѓаково-Косово.

Во угостителски објект во село Мидинци била затекната 30-годишната И.С. од Сараево-Босна и Херцеговина.

Сите лица биле приведени и по консултација со Јавен обвинител против нив, согласно Законот за странци поднесена е прекршочна пријава, странските државјанки се депортирани, изречена им е парична казна од по 500 евра и забрана за влез во РМ во траење од една година.  

 

 

 

02.02.2018 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега