Излажал дека нема што да пријави - го фатиле на Табановце со злато од 30.000 евра

Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе златен накин вреден околу 30 илјади евра на граничниот премин Табановце. 

Царинските службениципри претрес на Т.М. во  предниот лев и десен џеб од неговата јакна пронашле непријавен употребуван златен накит, две лири и употребуван рачен часовник РОЛЕКС-ТУДОР, завиткани и врзани во чорапи.

Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.

Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа презедоа предистражни мерки и активности и утврдено е дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде ШТО привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.

Против осомничениот до ОЈО - Куманово е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во Основен суд - Куманово каде му е изречена мерка претпазливост – одземање на патна исправа.

 

 

 

02.02.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега