Граѓаните уште оваа година сами ќе мора да поднесуваат даночна пријава
Уште ова година граѓаните ќе мора лично да ги поднесуваат даночните пријави и тоа најдоцна до 15 март.
„Досега за остварени приходи во минатата година имаат поднесено 2.300 лица во хартиена форма и поднесени се 120 електронски годишни даночни пријави, што значи дека ќе се повтори истата ситуација како и минатата година“, вели Авдиќ.
За најавата на електросно поднесување на даночни пријави, граѓаните ќе мора да почекаат до наредната година.
Од УЈП апелираат тоа да се направи уште сега за да се избегнат гужви на шалтерите како минатите години.
УЈП ги појасни правилата за оние што продаваат сопствени земјоделски производи надвор од зелените пазари.
„Од 1 јануари 2018 данокот го пресметуваат и го плаќаат исплатувачите кои вршат откуп на земјоделски производи во моментот кога вршат исплата на приходите на физичките лица. За приходите кои ги остваруваат физичките лица од продажба на сопствени земјоделски производи на тезги на зеленикте пазари, УЈП го врши оданочувањето по службена должност“, вели Петрова.
Во системот се регистрирано 21.000 физички лица, меѓу кои се и оние кои претходно биле регистрирани во системот е-даноци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа