Тешка сообраќајка во Скопје- жена заврши во болница

Вчера во 08 часот и 30 минути, во Скопје на раскрсницата од улицата „Црногорска“ со улицата „4-ти Јули“, се случило сообраќајна незгода, каде една жена заврши во болница.

патничко моторно возило „Пежо 208“ со скопски регистерски таблици управувано од 41-годишниот О.К од Скопје удрило во велосипедист 51- годишната Р.М од Тетово.

Истата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди (скршеница на лева рака во пределот на зглобот).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

03.02.2018 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега