Изгоре комбе на детска градинка во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи во Скопје, вчера во 7 часот и 55 минути било пријавено дека на  улицата „Среќко Пужалка“ во кругот на детска градинка од засега непознати причини било опожарено товарно моторно возило „Субару Либеро“ со скопски регистерски таблици, во сопственост на градинката.

Возилото подолго време не било во возна состојба и било оставено на паркингот на градинката. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

03.02.2018 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега