Пожар во Тетово: „Внукот ми ја запали куќата“

Вчера било пријавено дека ноќта помеѓу 1-ви и 2-ри во времето од  17.00  до 10.00 часот во Тетово на улица“108“ во куќата на 62-годишниот Н.А, од засега неутврдени причина избувнал пожар.

Од пожарот најпрвин се запалиле креветот и тепихот поставени во  ходникот, а делумно била изгорена  и дрвена врата  од  една соба. Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични  шишиња, а во едно од нив имало мала  количина на  течност која  мирисала на  гориво - бензин, пишува во соопштението од полиција.

Сопственикот се сомневал дека  пожарот  бил  подметнат, наводно од страна на неговиот внук Б.А. бидејќи  истиот во неколку  наврати  преноќевал  во  куќата, а двајцата имале меѓусебен спор околу нивниот имот.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се  преземаат  мерки за  целосно  расчистување  на  настанот.

 

 

 

 

03.02.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега