Се заедничко царинење до пократок пат за стоките од Балканот
Побрз проток на стоките ќе овозми заедничккото царинење што се очекува годинава да почне со Србија и со Албанија. На граничниот премин Табановце веќе се при крај подготовките. Се работи на железничкиот премин Табановце со Србија, како и на граничниот премин Ќафасан со Албанија. Времето кое ќе се скрати за формалностите на граничните премини според транспортерите ќе се намали за два дена.
Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), значи поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број на застанувања по можност единствено застанување преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите кои патниците ги носат со себе.
Во граничните контроли, претежно се вклучени органите кои се одговорни за контрола на движењето на лица, стока и превозните средства, како и спроведување на царинските формалности со цел да се применат важечките прописи. Повремено, по потреба, се вклучуваат и други надлежни органи за спроведување на други законски прописи од интерес и важност за државата и граѓаните, како што се во областа на јавното здравје.
Според надлежните во примената на овој концепт од исклучително значење претставува користењето на еден заеднички објект на граничниот премин каде се вршат граничните формалности.
- Врз основа на постоечки искуства што се применуваат ширум светот, како и праксата што постои за ваков вид на контроли, покрај тоа што го забрзуваат и олеснуваат протокот на лица и стоки имаат и позитивно влијание врз намалувањето на трошоците за преминување преку државната граница, велат од Царинската управа на Република Македонија.
Заедничкото царинење ќе овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли и унапредена примена на концептот на интегрирано гранично управување, ќе се намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи што ја следат стоката, ќе се воведе контрола и вршење на граничните формалности од страна на сите надлежни органи за нивно спроведување, на две соседни држави, при единствено запирање, ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства на граничните премини каде ваквиот концепт е воведен и ќе се изврши заштеда на ресурси потребни за реализација на концептот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа