Фото: Сообраќајка вечерва во Скопје - четири лица повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода.

Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички.

– Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто биле пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, наведуваат од МВР.

Увидот на местото на сообраќајната несреќа е се уште во тек.

 

 

 

03.02.2018 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега