Прегазен пешак, се бори за живот во битолската клиника

Вчера околу 19,00 часот во Битола на крстосницата од улица „Филип II Македонски“, улица „Прохор Пчински“ и улица „Цане Василев“, с случило сообраќајна незгода.

Имено патничко моторно возило „Рено Лагуна“ со битолски регистерски таблици управувано 26- годишниот од А.Ј. од село Карамани-битолско, удрило во пешакот 70- годишен  С.С. од Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола, се вели во соопштението од полиција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

04.02.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега