Жестока масовна тепачка на веселба во Ресен: Маж прободен со нож и неколку повредени лица

Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница-Битола биле пренесени шест лица, при што кај Т.К. (47) од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), а додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Вчера во 22 часот и 25 минути телефонски во полициската станица во Ресен, 38- годишниот С. Д од Ресен пријавил дека во хотел во село Царев Двор–ресенско, каде се одржувала веселба, бил нарушен јавниот ред и мир со масовна тепачка помеѓу 22- годишниот  Б.А. и 31- годишниот У.Ф од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.

Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница-Битола биле пренесени шест лица, при што кај 47- годишниот  Т.К од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), а додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

04.02.2018 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега