При рутинска проверка на автомобил, уапсени двајца стружани од кои еден е малолетник

Вчера  околу 03,00 часот во Охрид, при извршен преглед во патничко возило марка „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од 34- годишниот А.Ѓ во кое како сопатник бил и 17- годишен Д.Л, двајцата од Струга, пронајдено е сомнително најлонско пакување и нож.

Имено од страна на полицијата пронајдени се: една затворена и една отворена најлонска паковка со непозната прашкаста материја со бела боја, како и банкнота од сто евра со траги од бела прашкаста материја и еден нож на преклоп со рачка.

По претходни консултации со Јавен обвинител и Судија за малолетници, двете лица се приведени а пронајдените предмети со потврда се одземени за натамошна постапка.  

 

 

 

04.02.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега