Фото: Свлечиште на земја целосно уништи куќа во Тетово

Невремето и обилните дождови предизвикаа низа штети низ градовите во Македонија.

Најголема штета од поројните дождови претрпе тетовското семејство Имери, објави Канал77. Нивниот дом лоциран над православните гробишта во Тетово целосно го поклопи ѕид, кој се урна при свлечиште на земја. За среќа во незгодата нема повредени.

Семејството Имери апелира властите да му помогнат со градежен материјал за да го санира домот, или пак да изгради ново мало живеалиште.

Невремето предизвика и одрони на патот Тетово – Бањиче, а неколку објекти во Тетово и гостиварското село  Лакавица беа поплавени.  

 

 

 

04.02.2018 - 15:55
Фото: 
Канал77

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега