Денеска е Св. Климент Анкирски - народни верувања поврзани со овој ден, не допирајте остри предмети

Денеска е Св. Климент Анкирски.

Овој Климент се роди во град Анкира (или Анкара, во денешна Турција) во третиот век. На 12-годишна возраст остана сирак, а го прифати една благородна пријателка на мајка му. Уште како млад го сврте вниманието на локалниот епископ заради својот свет живот. Го ракоположија за свештеник, а веќе на 20 години и за епископ. За време на едно од последните гонења на христијаните во Рим, свети Климент беше затворен. Во затвор остана 28 години, каде што постојано го измачуваа. Најпосле, пострада маченички за Христа кон крајот на третиот век.

Затоа што поголемиот дел од неговиот маченички живот го минал во затвор и мачење, во некои краишта се верува дека на денешниот ден не треба да се допираат ножеви и останати остри предмети, за да не се повреуваат“ раните на Свети Климент. Иако овој празник н е обележан со црвени букви, треба да се избегнува рабтење низ дома, а денот треба да се помине со семејството и пријателите и на овој начин да се прослави споменот на овој светец.

 

 

 

05.02.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега