МНТ доби в.д. директорка по оставката на Дац

По оставката на в.д. директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов-Дац, Министерството за култура за нов в.д. директор ја назначи Симона Угриновска.

- Таа ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Како и во другите инститции, согласно со измените на законите за култура и за државна администрација, прво треба да се изврши промена на статутите, а потоа да се пристапи кон распишување на конкурсите. Процедурата може да потрае еден до два месеца, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски на прес-конференција по ова прашање.

За потсетување, Дац поднесе оставка откако направи сообраќајна несреќа.

 

 

 

05.02.2018 - 13:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега