Ограбувал банки и казина - македонската полиција го фати

Полицијата го фати триесет и четиригодишниот разбојник Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој изврши шест разбојништва во банки и казино во Охрид, Струга и Кичево, при што се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари.

Како што соопшти МВР, вчера околу 14:00 часот од страна на едно лице со закана со пиштол извршено е разбојништво во експозитура на банка „Шпаркасе“ на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево. Полициски службеници излегле на терен и по преземени мерки за кратко време пронајден е и приведен Ч.Д.(34) од село Ливада, струшко. Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол.

По преземените мерки и активности и извршен разговор со осомничениот, утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година.

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“.

Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.

 

 

 

07.02.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега