Татко од тетовско го нападнал синот со секира заради неплатени сметки

40-годишниот Б.Б. од селото Шемшово, тетовско, пријавил дека околу 13  часот неговиот татко, 71-годишниот Б.Б. физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва.

Татко му, најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Синот го турнал татка си, но тој веднаш станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што синот се здобил со расекотина на десната дланка.

Таткото бил повикан во Полициското одделение Јегуновце.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.02.2018 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега