Тешко повредено девојче во училиштето 11-ти Октомври

Ова е раната на главата на седум годишното девојче врз кое падна метална шипка од фискултурна опрема. Инцидентот се случил во спортската сала од училиштето 11 ти Октомври во петокот пред да почне фолклорната група да тренира пишува ТВ Телма.

Според мајката на девојчето деца сведочеле дека дел од учениците се беселе на одбојкарската мрежа при што била повлечена метална шипка и паднала директно врз главата на девојчето кое случајно поминувало.

Тоа со тешки повреди завршило на приватна клиника каде според наодите на докторите парчиња од черепот биле навлезени во обвивката од мозокот па морало да се прави операција.

Од екипата на ТВ Телма се обиделе да разговараат со директорката, но одговор не добиле.Настанот не е пријавен од никого ниту во полицијата ниту во образовниот инспекторат.

 

 

 

 

 

07.02.2018 - 16:46
Фото: 
Телма

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега