Остатоци од снег на патиштата - внимавајте и маглата прави проблеми

 

По влажни коловози, со остатоци од снег и намалена видливост поради магла, се одвива сообраќајот на дел од патиштата во државата. На патот Тетово – Попова Шапка, од село Лисец до Попова Шапка, поради остатоци на снег на коловозот задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови возила.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Прилеп – Битола и Делчево - Македонска Каменица, од 70 до 100 метри на патиштата Штип – Радовиш и Штип – Неготино, додека на патните правци Удово – Гевгелија и Удово – Демир Капија видливоста е од 80 до 90 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

 

08.02.2018 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега