До крајот на неделата промена со времето: Циклон доаѓа над Македонија

Времето во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд во утринските часови, а на планините со слаб снег.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје слично време, во утринските часови со услови за слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот.

Пообилни врнежи ќе има в сабота. 

 

 

 

08.02.2018 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега