Вработени на бензинска во Скопје секогаш ќе ја паметат 3 смена: Им влегле со пушки

Крадците не престануваат да ограбуваат бензински пумпи, овој пат на мета бензинска на булеварот Борис Трајковски.

Полицијата информира дека во 03 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Борис Трајковски“ во бензинска пумпа, од страна на две непознати маскирани лица кои биле со автоматска пушка, било извршено разбојништво над двајца вработени при што им била одземена сума пари на од дневниот промет.

Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.02.2018 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега