Се скарале за „глупост" па направиле хаос - летале шишиња во скопски локал

На полноќ било пријавено дека во Скопје во Трговскиот центар-Беверли Хилс, во угостителски објект при крај на работното време, сопственикот З.В.се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна, негодувале на одлуката на и започнале вербална расправија со него.

По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот  а за да не дојде до поголем инцидент, 41-годишниот И.С. гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект.

Околу 02 часот и 30 минути И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во предходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди.

Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект, 25-годишниот С.С.  После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.02.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега