Таксист прегази малолетничка во Скопје

Во 15 часот  вчера во Скопје, на крстосницата на улица "Московска" со улица "Женевска" такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од 57-годишниот В.Б. од Скопје, удрило во 15 годишно дете.

Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена  во Градска општа болница “8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош, е задржана на понатамошно лекување.

 

 

 

08.02.2018 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега