Македонец му го вратил долгот на братот со фалц пари

Жител на селото Цера во Македонска Каменица му исплатил долг на братот Б.С. со фалсификувана банкнота од 100 евра.

Сопругата на Б.С. при внесување на паричните средства на девизна сметка, во банката дознала дека банкнотата е фалсификат.

47-годишниот К.С. од Цера е пријавен во полиција, а Надворешната канцеларија Кочани при Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против него за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

 

 

 

 

08.02.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега