Воспитувачката од скопската градинка која истепа дете може да остане без лиценца за работа

Инспектори од детска заштита од Министерството за труд и социјална политика спровеле вонредна инспекциска контрола во скопската градинка по пријавата на мајка дека нејзиниот син бил истепан од воспитувачката.

Доколку тврдењата на детето се потврдат, тогаш воспитувачката од градинката ќе остане без лиценца за работа.

„При надзорот направен е увид во детската градинка за пријавениот случај за ден 05.02.2018 година во насока на констатирање на фактичката состојба, увид во воспитната група во која престојува детето и разговор со директорот, секретарот, посочената воспитувачка и вработените кои биле поврзани со работни активности со детето. Утврдено е дека на десната страна на лицето на детето има траги од повреда. Воспитувачката негира дека го удрила или му нанесла каква било повреда“, велат од надлежното министерство.

Овој случај во полиција го пријави мајката на детето кое вчера беше повредено од страна на воспитувачката.

 

 

 

08.02.2018 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега