При експлозија на плинска боца во Тетово, едно лице заврши во болница со тешки повреди

Во поткровниот дел од куќата во која што живеела 79-годишниот А.И, во обид да користи грејно тело на плин, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. се здобила со повреди и изгореници.

Денес во 12 частот и 30 минути СВР Тетово е пријавен пожар во куќа на улица “29 Ноември“ во Тетово.

Имено, во поткровниот дел од куќата во која што живеела 79- годишната А.И, во обид да користи грејно тело на плин, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. се здобила со повреди и изгореници.

Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело.

Од страна на Територијалната противпожарна единица огинот е изгаснат, а повредената А.И. со возило на итна медицинска помош е пренесена во Клиничката болница Тетово каде што и е укажана лекарска помош.

Увидот е во тек.

 

 

 

08.02.2018 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега