Директорот на градинката во Аеродром и воспитувачката, на разговор во полиција

Инспектори од детска заштита од Министерството за труд и социјална политика и денеска биле во градинката во Аеродром каде што разговарале со директорот, но и со родителите кои пријавија дека воспитувачка неколкупати го удрила нивното дете, удари од кои шестгодишникот се здобил со црвенило и оток на лицето. И инспекторите ги забележале трагите од повреда на лицето на денето, но за сега, како што велат од Министерството, нема сведок кој може да ги потврди наводите- пишува 24 Вести.
 
„При надзорот направен  е увид во детската градинка во насока на констатирање на  фактичката состојба, увид во воспитната група во која престојува детето и разговор со директорот, секретарот, посочената  воспитувачка  и вработените кои  биле поврзани со работни активности со детето. Утврдено е дека  на  десната страна  на  лицето  на детето има  траги  од повреда. Воспитувачката негира дека го удрила или му нанела каква било повреда. Втората   воспитувачка  и  негувателката  од  оваа  воспитна група се изјасниле  дека  не биле сведоци  на  таков  настан“, се наведува во одговорот од Министерството.

Од таму додаваат дека, директорот на градинката ќе добие задолженија за целосно  и  правилно  утврдување  на  настанатата  состојба. Доколку тврдењата на детето се потврдат, на воспитувачката ќе и биде одземена лиценцата, велат од Министерството.

Според неофицијални информации на Телевизија 24 денеска во полициска станица биле повикани да дадат исказ и директорот на градинката и воспитувачката. Таа и во полиција ги негирала тврдењата на детето.  Директорот Јоаким Димулков потврдува дека бил во полициската станица во Аеродром и додава дека очекува понатамошни насоки од Министерството за труд и од полицијата.

Спорен нив, во текот на наредните денови полицијата ќе разговара и со други вработени во градинката.

Во пријавата која влезе во полицискиот билтен, наведено е дека пред три дена кога мајката го земала својот син забележала црвени траги на лицето кое детето рекло дека му се од удари од воспитувачката. Со потврда од здравствена установа и по совет на директорот случајот веднаш бил пријавен во полиција.

 

 

 

08.02.2018 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега